Откако инспекцискиот тим ја заврши проверката на првиот брод за транспорт на жито што напушти украинско пристаниште под воени услови, пловилото е подготвено да помине низ Босфорот и да отпатува до крајната дестинација – Либан, соопшти турското Министерство за одбрана.
Министерството соопшти дека инспекцискиот тим ја завршил проверката на бродот „Разони” кој плови под знамето на Сиера Леоне.
Бродот, кој, според Обединетите нации, носи 26.527 тони пченка, го прегледале инспектори од Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.