Валенсија беше една од екипите кои добија вајлд-карта за настап во кошаркарската Евролига во новата сезона, но македонскиот репрезентатовец Ненад Димитријевиќ нема да има можност да игра во елитното европско натпреварување.
Македонскиот репрезентативец имаше солидна прва сезона во Валенсија, но сега шпанскиот великан одлучи да го испрати на едногодишна позајмица и на калење во Русија.
Валенсија ова попладне информираше дека Нено е испратен на позајмица во Уникс Казан, клуб чии бои ќе ги брани во новата 2022/23 сезона.
Димитријевиќ изминатата сезона одигра 33 натпревари за Валенсија и имаше просек од 8.4 поени, 1,5 скокови и 3.9 асистенции по натпревар.