Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска беше во градот Мулхајм на Рајна во западниот дел на Германија, во обиколка на репарираната пумпа за гас за која Русија тврдеше дека е пречка во испораките гас преку гасоводот „Северен поток”.
По извршената репарација во Канада, турбината привремено се наоѓа во Мулхајм во Рурската област од каде ќе биде испратена за инсталација во Русија.
Претставници на компанијата „Сименс” соопштија дека пумпата е подготвена за транспорт.
„Турбината е тука, ќе биде испорачана”, изјави канцеларот Шолц, додавајќи дека изнесените забелешки на руската страна за некакви технички пречки во испораките гас не за базирани врз фактичката состојба.
Германските власти постојано тврдеа дека руската одлука за намалување на испораките на гас имаат за цел да се казни Германија поради нејзиниот став по однос војната во Украина и нејзиното учество во санкциите воведени против Москва.
„Со испораката на пумпата, (рускиот претседател) Путин нема повеќе тоа може да го користи како претекст на некакви технички причини за намалувањето на испораките гас”, изјави Шолц во интервјуто дадено за канадскиот весник „The Globe and Mail”.
Тој застана во одбрана на канадскиот премиер Џастин Трудо кој беше критикуван поради одлуката да дозволи турбината да биде испорачана за Русија, спротивно воведените санкции против Москва.
„Сметам дека критиките упатени на адреса на Трудо и неговата влада се целосно неосновани. Одлуката да се испорака пумпата не е некаква услуга кон Гаспром. Тоа е знак на поддршка кон Германија и кон Европа”, вели Шолц.