Најмалку 17 загинати во сообраќајна несреќа во јужен Египет

Најмалку 17 лица загинаа, а четири се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи во јужниот дел на Египет. Несреќата се случила при судар на патничко комбе со камион на автопатот во округот Јухајна во провинцијата Сохаг, 390 километри јужно од Каиро.

Со возила на службата за итна медицинска помош повредените се префрлени во регионалните болници.
Сообраќајните несреќи се чести во Египет, во нив годишно гинат повеќе од илјада лица. Причина за несреќите се пребрзо возење, лоши патишта и недоволното спроведување на сообраќајните закони.
Треба да знаете
Последни објави