Српскиот фудбалски шампион Црвена звезда му одржа лекција на ерменскиот Пјуник го испрати со „петарда“ од Белград (5:0) промовирајќи се во патник во пелј офото за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Во Ереван треба да се случи чудо па „црвено-белите“ да бидат елиминирани од оваа рунда и испратени во второто по ранг натпреаврување Лига Европа.
Убавата престава на „Маракана“ или по ново „Рајко Митиќ“, ја расипа на крајот домашниот одбранбен играч Милан Родиќ кој во рок од само 20 секунди безпотребно заработи црвен картон, што треба да им биде поука за вторите 90 минути од пресметката со пјуник дека опуштање и глупости не се дозволени во ниту еден миг.
Родиќ покажа како може да се направи глупост во 89-та минута, кога со два непромислени потези се отпиша самиот од реваншот бидејќи заработи оправдано две јавни опомени од главниот судија и предвреме му беше покажан патот кон соблекувалната.