Автор – Тијеонг Џеј Јанг, извршен потпретседател и директор на тимот за истражување и развој во областа на здравјето, во секторот за мобилни дејности, Samsung Electronics
На настанот Unpacked следната недела, Samsung ќе ја претстави својата најнова линија на иновативни производи дизајнирани да го подобрат секојдневниот живот на корисниците, вклучително и ажурирани верзии кои ги зајакнуваат фитнес и велнес рутините. Во пресрет на лансирањето на овие производи, размислуваме за нашата филозофија, достигнувања и напредокот што го постигнавме додека се приближуваме до најновиот чекор во нашето патување кон здравјето.
Светот влезе во една нова ера каде расте желбата за подетално разбирање на целокупното здравје. Во минатото, здравјето беше едноставен концепт со единствена дефиниција. Денес, секој поединец го дефинира здравјето и благосостојбата според сопствените преференци. Токму за да им помогне на сите да ги исполнат своите здравствени цели, Samsung се обврзува да обезбеди сите да имаат пристап до ресурсите што им се потребни за да бидат најдобрата верзија од себе.
За таа цел, ние сме посветени на поставување нови стандарди за здравствено искуство преку серијата Galaxy Watch и останатите производи во нашата понуда. Дефиниравме три клучни столбови кои им помагаат на луѓето да ги постигнат сопствените цели: иновација со сензори, поврзана благосостојба и индустриска соработка.
Напредни сензори за покорисен увид
Како би воспоставиле поздрави навики и да ги постигнеме целите, потребно е подобро да се запознаеме себеси. Ова патување за нашите корисници започнува со револуционерниот биоактивен сензор на Samsung. Биоактивниот сензор обезбедува точни и сеопфатни здравствени податоци и обезбедува конкретен увид и насоки кои корисниците можат да ги следат на нивното патување кон здравјето и благосостојбата.
За прв пат претставен на Galaxy Watch4, биоактивниот сензор користи уникатен чип кој комбинира три моќни здравствени сензори – оптички пулс (PPG), електрокардиограф (ЕКG) и анализа на биоелектрична импеданса (BIA) – во една компактна единица. Неговиот аеродинамичен дизајн ги подобрува перформансите и совршено се вклопува за поголема прецизност и употреба во секое време, овозможувајќи им на корисниците да го продлабочат разбирањето, да се инспирираат да преземат акција и да ги зајакнат добрите навики кои им помагаат да ги постигнат своите цели.
Нашиот сензор обезбедува увид во сите аспекти на здравјето, но би сакале да истакнеме две клучни области: спиењето и телесниот состав. Сонот често се занемарува кога се воведуваат добри навики, но тој е клучен за целокупното здравје. Ние, во Samsung, навистина сакаме да ѝ помогнеме на заедницата подобро да спие. Воведовме различни алатки за следење на квалитетот на спиењето и приспособена програма со инструкции за добар сон чија цел е да им помогне на корисниците да го добијат најдобриот можен ноќен одмор.
Што се однесува до физичката подготвеност, секој има различна цел. Затоа биоактивниот сензор го мери и составот на телото, што го продлабочува знаењето на корисникот за сопственото физичко здравје многу повеќе од само губење на тежината. Сензорот испраќа микроструја за мерење на задржаната тежина, стекнатата мускулна маса, изгубените телесните масти и нивото на водата во телото во однос на поставените цели, што им помага на корисниците да ги постигнат своите цели и да следат што им е важно.
Со овие подобрувања, ние остануваме цврсто посветени на безбедното собирање податоци, така што корисниците немаат за што да се грижат на нивното патување до благосостојбата. Сите здравствени податоци се шифрирани и заштитени од Knox, со што се гарантира дека информациите на корисникот остануваат изолирани од неовластени извори.
Придобивки кои се протегаат на сите уреди
Исто така, обезбедуваме и алатки кои им овозможуваат на корисниците да го следат целокупното здравје – без разлика дали се дома, во теретана или во движење. Апликацијата Samsung Health, со над 200 милиони активни корисници ширум светот, е во централниот дел на здравственото искуство на Samsung со широкиот опсег на уреди – од паметни часовници до паметни телефони и таблети, па дури и телевизори. Оваа апликација е сеопфатен здравствен центар кој вклучува капацитети за следење на фитнес активности, благосостојба и следење на здравјето – ги снима и собира сите видови здравствени податоци што ги прикажува на интуитивен начин и дава насоки како да го извлечете максимумот од истите. Собраните информации се лесни за разбирање и поттикнуваат позитивно дејствување. Повеќе поврзани уреди значат подобрено корисничко искуство. На пример, додека дома следите програми за вежбање или медитација на паметниот телевизор Samsung или Galaxy Tab, калориите и отчукувањата на срцето се следат на Galaxy Watch, но се прикажуваат на поголем екран за лесен пристап. Вашиот Galaxy Watch исто така препознава кога заспивате и автоматски ги пригушува светлата и ги исклучува клима уредите.
Отворената соработка подразбира поздраво искуство
За да им обезбедиме на корисниците најдобро можно искуство, соработуваме со други индустриски лидери. Изградивме силна основа благодарение на нашата технологија и соработката за поддршка на нашиот отворен екосистем – кој често служи како инкубатор за нови интересни апликации, услуги и функции. Во соработка со Google, ги развивме Wear OS и Health Connect за уште повеќе корисници да можат да се приклучат на унифицираната платформа и да користат нови услуги и решенија кои одговараат на сечии потреби.
Самсунг интензивно работи со надворешни експерти, истражувачки центри и универзитети за понатамошно подобрување на способностите за следење и увид на уредите за носење, вклучително и Националната фондација за истражување на спиењето, Лабораторијата за истражување на спиење во Сан Диего при Универзитетот Калифорнија, Лабораторија за испитување на хипоксија при Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско за испитување на сонот и кислородот во крвта и Биомедицинскиот истражувачки центар на Универзитетот Луизијана – Пенингтон и Центарот за истражување на рак на Универзитетот Хаваи, за истражување на анализа на биоелектрична отпор. Посветени сме и на истражување на нови начини за примена на нашите здравствени решенија во областа на медицината. Во следните месеци, ќе бидеме посветени на развивање дополнителни алатки и ресурси кои ќе ја поддржат здравствената заедница и ќе им овозможат на нашите корисници посеопфатен преглед на здравствените податоци.
Ветувачка иднина на здравје и благосостојба
Многу луѓе ширум светот имаат усвоено нови навики и интереси во текот на изминатите неколку години. Истово е поврзано со поголема свесност за физичкото и менталното здравје и здравиот сон. За да ги исполни овие барања, Samsung со ентузијазам продолжува да ја проширува својата линија Galaxy Watch за подобро да ги задоволи многуте уникатни потреби на своите корисници – особено оние кои сакаат да поминуваат време на отворено.
Сепак, нашата работа не застанува тука. Постојано воведуваме иновации, инвестираме во истражување и развој и тестираме нови начини на работа со доверливи партнери. Преку отворена соработка и насочени иновации, ќе се погрижиме нашите корисници да се опремени со напредни технологии кои им овозможуваат подобро да го разберат нивниот ум и тело за едно навистина интегрирано, сеопфатно и поздраво искуство.
Едвај чекаме да видите што е следно. Придружете се на настанот Galaxy Unpacked на 10 август во 15 часот на Samsung.com.