Американската кошарка Бритни Грајнер доби затворска казна од девет години, откако денеска рускиот суд ја прогласи за виновна за криумчарење на дрога. Судот соопшти дека 31-годишната Американка, која двапати го освои златниот олимписки медал, намерно го направила делото, иако била свесна за законите кои важат во Русија.
На Грајнер ѝ беше пронајдено масло од канабис на аерором, а руското обвинителство бараше затворска казна од девет ипол години и парична казна од 16.000 евра.
„Никогаш не сакав никого да повредам. Никогаш немав намера да го загрозам руското население. Не сум прекршила други закони во Русија. Направив искрена грешка и се надевам дека вашата пресуда нема да го заврши мојот живот во Русија“, кажа кошаркарката.
Руското обвинителство денеска пред судот во Химки побара казна затвор од девет и пол години од максимално предвидените 10 години. Судењето завршува речиси шест месеци по апсењето на кошаркарката на московскиот аеродром и последователниот притвор.
За време на судењето, адвокатите на двократната олимписка шампионка го повторија нејзиното тврдење дека немала криминални намери и дека маслото од канабис влегло во торбата бидејќи брзо се пакувала.
Тие како сведоци ги повикаа членовите на нејзиниот руски клуб, за кој таа игра во вонсезоната во НБА, кои зборуваа за нејзиниот карактер и приложија писмено сведочење од лекар кој рече дека и препишал канабис за нејзината болка.
Исто така, беше кажано дека Грејнер ненамерно го донела маслото во Русија, бидејќи го користела како лек додека престојувала во Аризона, каде што мар ихуаната е легализирана за медицински цели.