Кралското семејство ѝ посака среќен роденден на Меган

Кралското семејство ѝ го честиташе роденденот на војвотката од Сасекс на социјалните мрежи, споделувајќи нејзини фотографии по овој повод. Фотографии од нејзината посета во Обединетото Кралство за прославата на платинестиот јубилеј на кралицата беа објавени на официјалните Твитер-профили на принцот од Велс и војводата и војвотката од Кембриџ.

 

Меган во четвртокот го прослави 41. роденден и најверојатно го одбележи големиот ден приватно со својот сопруг принцот Хари  и нивните деца Арчи и Лилибет во Калифорнија каде што живеат.

Официјалниот Твитер профил на Вилијам и Кејт објави фотографија од војвотката која присуствуваше на церемонија во катедралата „Свети Павле“ во јуни, што го одбележа 70-годишното владеење на кралицата.

Меган и Хари започнаа нов живот во славната енклава Монтесито во Калифорнија, купувајќи куќа од повеќе милиони фунти и основајќи непрофитна фондација, откако се повлекоа како членови на кралското семејство во потрага по финансиска слобода.

Треба да знаете
Последни објави