Навивачите го избраа најдобриот играч во историјата на Премиерлигата

Тиери Анри е прогласен за најдобар играч во историјата на Премиерлигата во анкетата на навивачите. „Betfair“ спроведе анкета со „YouGov“ на повеќе од 1.000 фудбалски фанови пред 30-годишнината на натпреварувањето.

Француската легенда во изборот го победи Кристијано Роналдо и го освои првото место со 15 отсто од гласовите.

Поранешниот капитен на Арсенал постигна 175 гола на 258 првенствени натпревари и ги предводеше „топчиите“ до две првенствени титули. Анри беше неверојатно експлозивен, брз и фантастичен техничар со извонреден финиш.

На третото место се најде Англичанецот Алан Ширер, најдобриот стрелец во Премиерлигата на сите времиња. Топ 5 ја затвораат Французинот Ерик Кантона и Англичанецот Стивен Џерард.

Треба да знаете
Последни објави