Лампард со сериозен пех пред стартот на сезоната, најави ангажман на нов офанзивец

тратегот на Евертон, Френк Лампард ќе има голема мака на самиот старт на сезоната затоа што остана без офанзивни решенија во тимот.

Клубот го напушти бразилскиот репрезентативец, Ришарлисон, а единствениот проверен напаѓач, Доминик Калверт Луин заработи повреда на коленото поради која ќе биде надвор од терените извесен период.

Во тимот е и Саломон Рондон, но тој и лани ретко добиваше шанса, а за да биде работата уште полоша за Лампард, и тој е суспендиран и нема право за настап на натпреварот против Челси.

Токм поради тоа, Лампард најави дека ќе мора да се ангажираат на трансфер пазарот и да донесат фудбалер од офанзивата.

– Го загубивме Ришарлисон кој можеше да покрие на неколку позиции во нападот. Свесни сме кои позиции од теренот треба да ги засилиме.

– Во првиот натпревар ќе влеземе и без Саломон Рондон кој е суспендиран, па сега јасно ви е дека офанзивата е позиција во која ќе бараме играч, -заклучи Френк Лампард

Треба да знаете
Последни објави