Македонските јуниорки немоќни против Украина на Европското кошаркарско првенство

Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација ја продолжи серијата порази на Европското првенство Б дивизија во Софија, откако попладнево загуби од Украина со 91:47.

Во натпревар за пласман од 9. до 18. место на турнирот во бугарскиот главен град, Украина беше  подобар противник и веќе на полувреме имаше висока предност од 51:26.

Продолжението не донесе промени во играта на „црвено – жолтите” кои и натаму се без победа на турнирот во Софија.

Михаела Алексовска со 21. поени беше единствената со двоен број реализации во македонскиот состав.

Треба да знаете
Последни објави