Најдобриот грчки кошаркар Јанис Адетокумпо оцени дека неговата репрезентација сè уште не е подготвена за освојување медали или титулата на претстојното Европско првенство од 1 до 18 септември.
– Судејќи според последниот тренинг, ние сè уште не сме подготвени за медали, но имаме свои шанси. Не е важно што другите очекуваат од нас, важно е што ние очекуваме од нас самите. Грција одамна нема играно ниту четвртфинале, така што мислам дека не сме многу подготвени ниту за титули, ниту за медали. Мораме прво да изградиме хемија и добра атмосферата во тимот така што сите ќе го дадеме својот максимум. Тренерот Итудис врши одлична работа и нè мотивира да бидеме најдобри што можеме, изјави Адетокумпо.