(Видео) Халанд во гол-елемент на дебито во Премиерлигата

Новиот гол-играч на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд на дебито во Премиерлига блесна со двата гола во Лондон против Вест Хем (2:0) и им донесе победнички старт  на „граѓаните“ во одбраната на титулата.

Халанд реши сѐ и беше пресуден со по еден гол во двете полувремиња, прво во 36-та изнуди пенал и го реализираше за водство, а потоа во 65 ја зголеми предноста.

Сити најави дека сезонава останува прв фаворит за нова шампионска круна, а од големата шесторка први киксови направија Ливерпул со ремито 2-2 против Фулам, како и Манчестер јунајтед, кој загуби од Брајтон со 1-2.

Треба да знаете
Последни објави