Турски Галатасарај потврди дека ангажираше две познати имиња во своите редови. Истанбулскиот гигант вечерва потврди дека постигнала договор со Арсенал за ангажман на Лукас Тореира, а исто така постигнала договор и со Дрис Мертенс за соработка.
За Тореира и Мертенс долго време се шпекулираше дека ќе завршат во Галата, и вечерва, конечно, тие два трансфери се остварени. Со нив, Галатасарај ќе атакува на титула во турското првенство, после разочарувачката мината сезона.