Гвардиола: Минатата недела го критикуваа Халанд, сега го споредуваат со Анри, Ширер и Роналдо

Трофејниот шпански стратег Пеп Гвардиола за својот нов играч во редовите на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, гол-играчот Ерлинг Халанд вели дека брзо им ги затворил устите на оние кои го критикуваа по Комјунити шилд дуелот со Ливерпул. На тој меч Халанд не успеа да даде гол, пропушти неколку убави шанси од кои една речиси на празен гол од непосредна близина. Но, денеска во 1. коло од  премиерлигашката конкуренција Халанд ги даде двата гола за Манчестер сити во победате против Вест Хем (2:0).

-Пред една недела велеа дека тој не може да се прилагоди на Премиерлигата, а сега го споредуваат со Тјери Анри, Алан Ширер и Кристијано Роналдо, вели Пеп Гвардиола и додава:

-Тој е момче со неверојатен талент, постигнувач на голови. Го знам него еден месец. Знам како се справи со критиките оваа недела, беше смирен, тренираше навистина добро. Сега ќе видиме како ќе реагира по добиените комплименти. Ми се допадна начинот на кој ја зема топката да го изведе пеналот. Мислам дека ако некој се обидеше да му ја земе топката, ќе му удреше бокс во лицето. Сигурен сум во тоа, тоа е добар знак. Треба да имате самодоверба, амбициозност и вистински менталитет. И се разбира, даде гол.

Гвардиола го извади Халанд на 15 минути пред крајот и не му даде можност да дебитира со хет-трик.

-Имав среќа да бидам тренер на Лионел Меси и кога тој ќе дадеше два гола, сакаше трет, кога ќе дадеше три гола, сакаше четврт, ако дадеше четири гола, сакаше пет. Врвните стрелци, напаѓачите, никогаш не се задоволни. Тие секогаш се гладни за голови, секогаш сакаат уште и уште, вели Гвардиола.

 

Треба да знаете
Последни објави