Раочарување на „Олд Трафорд“ на секој чекор, Манчестер јунајтед губи, навивачите се тепаат

Ситуацијата на „Олд Трафорд“ меѓу играчите и навивачите на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед е тмурна. Разочарување на секој чекор, по неочекуваниот пораз од Брајтон (1:2) на стартот од сезоната во „театарот на соништата“.  Потиштени се сите во клубот, а нервозата владее меѓу навивачите кои 10 години го чекаат нов  шампионски трофеј во Премиер лигата, а веќе пет години, каков било пехар во клупските витрини. Клупските легенди не штедат зборови да критикуваат.

Во првото коло од новата сезона „ѓаволите“ загубија од Брајтон на домашен терен, а дополнителен проблем направија навивачите. Во еден период од мечот дојде до физичка пресметка меѓу домашните навивачи за која никој уште не знае од што беше предизвикана.

Во второто коло Јунајтед гостува кај Брентфорд, а новиот тренер Ерик Тен Хаг ќе има една недела да го врати спокојот во екипата и да дојде до првата победа во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави