Чурлинов одигра половина час за Штутгарт на стартот од сезоната во Бундеслигата

Штутгарт пред своите гледачи ремизираше против Лајпциг (1:1) на стартот од новата сезона во германската фудбалска Бундеслига. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра половина час за тимот на Штутгарт.

Лајпциг преку Нкунку во осмата минута дојде во водството, а  Ахамада во 31. минута израмни на 1:1.

Чурлинов имаше забележителен настап за Штутгарт и во Купот на стартот од новата сезона. Постигна гол за победа против Дрезден од 1:0, па се очекува да добие поголема минутажа сезонава во тимот на бундеслигашот.

Треба да знаете
Последни објави