Штипска Брегалница како гостин во Струмица и Силекс пред своите гледачи во Кратово ги освоија првите три бода во новата сезона во македонската прволигашка фудбалска конкуренција. Во Струмица, Брегалница со пресврт го совлада вицепрвакот Академија Пандев со 2:1, а повратникот во ењлитното натпреварување Силекс го победи Работнички со 2:0.
Четири минути и беа доволни на Брегалница да направи пресврт. Во периодот од 58-та до 62-та минута, прво Дарко Додев со прекрасен удар израмни, а потоа Александар Ристески го постави конечниот резултат. Пандевци по 16 минути игра од втората шанса преку Душан Јоковиќ поведоа со 1:0.
Силекс со погодоците на Арсим Љамалари во 58 минута им донесе водство на кратовци, а Филип Стојчевски изнуди пенал, а потоа го реализираше во втората минута од судиското продолжение.
Поради европските обврски на Шкупи и Шкендија не ги одиграа своите мечеви во редовниот термин. Струга Трим Лум во воведниот меч од новата сезона ја совлада Победа 3:0, а Македонија ЃП беше слободна.