Бијонсе и Мадона првпат соработуваат за ремиксот на Break My Soul

Двете музички ѕвезди ги здружија силите за преработка на поранешен хит на Бијонсе.

Бијонсе (40) деновиве го објави The Queens Remix  од својот хит Break My Soul кој содржи фрагменти од хитот на Мадона „Вог“ од 1990 година.

Имитирајќи го говорниот дел на Мадона во „Вог“, Бијонсе набројува култни афроамерикански имиња во музиката, вклучувајќи ги Алија, Нина Симон и нејзината сестра Соланж Ноулс.

Таа, исто така, ја спомнува и Мадона: „Кралицата Мајка Мадона, Алија, Розета Тарп, Сантиголд, Беси Смит, Нина Симон, Бети Дејвис, Соланж Ноулс. Лорин Хил, Роберта Флак, Тони, Џенет, Тира Век. Миси, Дајана, Грејс Џонс, Арета, Анита, Грејс Џонс“.

Ова е прва соработка меѓу Мадона и Бијонсе.

Бијонсе веќе ги изненади фановите минатата недела со објавување на четири различни верзии на својот хит Break My Soul.

Треба да знаете
Последни објави