Бритни Спирс (40) ѝ се враќа на поп музиката со дует со 75-годишната музичката легенда Елтон Џон.
Песната, насловена Hold Me Closer, е обновена верзија на неговиот хит од 1971 година Tiny Dancer.
Соработката – за која се пишуваше со месеци – ја потврди Елтон на Инстаграм, споделувајќи фотографија со роза и емотикон ракета, под која напиша: hold me closer.
Бритни – која неодамна се венчаше со Сем Асгари – беше ослободена од законски договор што му овозможуваше на татко ѝ Џејми Спирс да го контролира нејзиниот живот и финансии од 2007 година, кога беше ставена под специјален надзор поради тешкотии со менталното здравје.