Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, го призна пораљзот од ирски Шамрок во пресметката за влез во плејо от за Лига Европа.
Македонскиот шампион синоќа во Скопје загуби со 1:2 и со вкупни 2:5 е елиминиран во третото квалификациски коло.
– Сакам да му честитам на Шамрок за победата. Се сретнавме со многу добар, цврст, агресивен тим. Заслужено не победија во овие 180 минути фудбал. Направивме три измени на паузата кои внесоа свежина, но по првиот примен гол почна нервозата. Изгубивме многу топки таму каде што не требаше и противник како Шамрок не го простува тоа. Сега продолжуваме со следниот натпревар, не очекува тежок противник како што е Македонија Ѓ.П. Имаме уште една шанса за Конференциската лига, изјави по натпреварот Седлоски.
Противникот на Шкупи во плејофот за Конференциската лига на УЕФА ќе се знае утре.