По завршувањето на натпреварот во Португалија меѓу Виторија Гимараеш и Хајдук следеа болни сцени на теренот, но и на трибините на стадионот во Гимараеш. Португалците очигледно не можеа да се помират што го загубија двомечот со Хрватите, па беа пренервозни за време на натпреварот и по него. Хајдук победи 3:1 во Сплит, а во Гимараеш загуби 1:0, но се пласиреше во плеј-офот за Конференциската лига каде ќе игра против Вилјареал.
Како што изминуваа 90 минути, така и заврши натпреварот во Гимараеш, каде фудбалерите на двата тима влегоа во физичка пресметка. Сплитските „Бели“ од трибините беа испратено од десетици шишиња и столчиња, па дури и кога ги поздравија своите навивачи и се упатија кон тунелот, повторно дојде до тепачка. Овој пат со членови на управата од двете страни.
Покрај туркањето и тепачката меѓу играчите, треба да се истакне дека со запалка во главата бил удрен тимскиот менаџер на Хајдук, Стјепан Бадров, а фитнес менаџерот Иан Кол добил шише во главата, пренесува порталот далматинец.
Наводно, навивачите на Порто на паркингот додека траел натпреварот ги искршиле стаклата на комбињата и направиле штета.