Тадиќ заработил полесна повреда од крадци пред неговата куќа во Амстердам

Капитенот на српската фудбалска репрезентација и на холандскиот Ајакс, Душан Тадиќ е повреден во напад на разбојници што се случил пред неговата куќа во Амстердам. Според Хет Парол“, повредите се од полесна природа.

Инцидент се случил на 28 јули по полноќ кога двајца вооружени мажи  кои носеле кациги за да не им се гледаат лицата, го чекале капитенот на Ајакс пред неговата куќа на улицата Ван Егенстраат на Амстердам.

Тадиќ бил нападнат кога излегувал од возилото и се обидел да избега. Потоа дошло до пресметка со напаѓачите, а кога Тадиќ го подигнал визирот на кацигата на еден од напаѓачите, тој му удрил шлаканица.

После тоа Тадиќ се сокрил во ресторан, а напаѓачите побегнале со скутер. Холандски Телеграф напиша и дека на Тадиќ претходно му пришле наводни доставувачи на пица кои секогаш биле во пар и носеле кациги. Инцидентот е пријавен во полиција која тага за разбојниците.

Интересно е што Тадиќ по неколку дена играше против ПСВ во холандскиот Суперкуп, а по мечот нивинарите забележаа мали рани на прстите.

Треба да знаете
Последни објави