По серија неуспеси и потсмев на ривалите, сплитски Хајдук успеа да запише победа во еден европски двомеч против респектабилен ривал. Победникот на хрватскиот Куп со вкупни 3-2 го исфрли од Европа португалскиот претставник, Виторија Гимараеш.
По победата на „Пољуд“ од 3-1 пред пет дена „белите“ загубија со 1-0 во Португалија и закажаа двомеч против Виљареал во плеј-офот на Конференциската лига.
Единствениот погодок на возвратниот натпревар го постигна Андерсон во петтата минута. Подоцна во натпреварот свои шанси имаа и Португалците и Хрватите, но резултатот не се менуваше.
Струмичанецот Атанасов ги одигра последните десетина минути од натпреварот, слично како и во Сплит на првиот натпревар.
Хајдук ќе се соочи со Виљареал, а влогот е долга европска есен во Конференциската лига. Првиот натпревар се игра на 18 август во Португалија, реваншот недела дена подоцна на „Пољуд“.