Мароко го отпушти селекторот Халилхоџиќ

Раководството на Фудбалската федерација на Мароко, одлучи да ја прекине соработката со босанскиот стручњак Вахид Халилхоџиќ, иако ја однесе епрезентаијата на СП во Катар, пренесува „Hisport”.

Седумдесетгодишниот Босанец ја предводеше мароканската репрезентација од 2019 година. Под негово водство Мароканците извојуваа 20 победи и 7 пати ремизираа на 30 натпревари.

Официјално, оставката ќе биде официјализирана по враќањето на претседателот на тамошната федерација, Фузи Лакја од Танзанија, каде што учествува на состанокот на Африканската фудбалска конфедерација.

Главна причина за раскинувањето на договорот е ветувањето кое Фузи Лакја им го даде на навивачите, односно враќањето на големата ѕвезда Хаким Зиех во репрезентацијата. Зијех е во конфликт со Халилхоџиќ, а фановите го обожаваат и сакаат да го гледаат во Катар.

Договорот на босанскиот стратег со Мароко е до крајот на 2023 година, тој заработува речиси еден милион евра годишно и според сите пресметки го чека богат отпремнински пакет.

Халилхоџиќ претходно работеше во Нант, Пари Сен-Жермен, Трабзонспор, Динамо Загреб, како и со репрезентациите на Алжир, Јапонија и Брегот на Слоновата Коска.

Треба да знаете
Последни објави