Македонскиот фудбалски шампион Шкупи против косовски Балкани ќе брка пласман во групната фаза во Конференциската лига. Балкани вечерва по повеќе од два часа игра на Фарските острови, поминаа на пенал-рулет во двомечот со Ки Клаксвик. Тимот од Косово замина на Фарските острови со гол предност од домашниот меч пред една недела (3:2), а минута пред крајот на мечот примија гол за дуелот да има продолженија (2:1) а по дополнителните 30 минути решаваа пеналите.
Во рулетот, Ки Клаксвик промаши двапати, а Балкани само еднаш (4:3).
Шкупи летово на стартот на подготовките за оваа европска авантура загуби од Балкани со 0-2 во контролниот меч. Мечевите се идниот четврток (18 август), односно седум дена потоа (25 август).