Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 18 години во третото коло на ЕХФ шампионатот што се игра во Рига, ја растурија соодветната домашна селекција на Летонија (33:23) и со максимални три победи во групата продолжуваат во полуфионалето.
Утре на шампионатот е слободен ден, а в сабота од 15 часот македонските надежи играат во полуфиналето со поразениот состав од денешниот меч меѓу Луксембур и Швајцарија или во случај на нерешено, против Луксембург, кој има послаба гол-разлика во групата А.
Македонските ракометари против Литванија уште од почетокот на натпреварот ги презедоа работите во свои раце и по воведните 2:2, направија серија од 6:1 со која дојдоа до плус пет (8:3). Летонците се обидоа да се вратат во игра, дојдоа до 11:8, но немаа сили за нешто повеќе против расположените македонски ракометари.
Со сигурна игра, Македонија ја зголемуваше предноста и на одмор замина со убедливи 21:12 со што практично ги реши дилемите околу победникот. Во второто полувреме, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ рутински ги одработија 30-те минути и славеа со убедливи 33:23.
Најдобри во редовите на Македонија беа Тодор Узунчев со седум гола, додека Димковски и Петковски дадоа по шест гола, а Брестовац на голот имаше 11 одбрани.