Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 18 години во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Рига ќе игра против соодветната селекција на Луксембург. Натпреварот Македонија – Луксембург е закажан да се одигра в сабота, со почеток во 15 часот. Во второто полуфинале два часа подоцна ќе играат Швајцарија и Летонија.
Македонските надежи попладнево во 3. коло од групата ја растурија соодветната домашна селекција на Летонија (33:23) и со три победи завршија како првопласирани. Луксембург е второпласиран од другата група, откако во денешниот дуел беше поразен од Швајцарија 28:26.
Победниците од полуфиналните пресемтки в недела ќе играат во финалето од 16 часот.
Победникот на овој ЕХФ шампионат ќе се пласира на следното Светско и Европско првенство за кадети.