Три од петте пенали Шкендија ги промаши за да загуби, од кои два удари од белата точка не ја погодија ни рамката од голот. Откако Ларсон во првата серија промаши, возвратија Бруно Дита (утка на цел гол) и Љупчо Дориев (одбрани голманот), но Рамани кој го замени Захов за пеналите ги остави тетовци во игра бранејќи му пенал на Ринг. Ама, кога капитенот Ферхан Хасани требаше да ја остави жива пенал серијата – промаши цел гол. И со тоа се распрсна сонот за плејоф на Шкендија.
Влатко Стојановски и Клизман Цаке дадоа голови во рулетот за Шкендија, а Хусеин, Стефанели и Бјорнсторм за АИК.
Во 120 минути, Шкендија имаше плејоф во рака, Хасани од пенал донесе водство, а потоа Костадин Захов го врати АИК во мечот со катасторфална грешка за Швеѓаните да израмнат 11 минути во вториот дел.