Србин од АЕК по елиминацијата на Партизан нокаутира – фоторепортер (ФОТО+ВИДЕО)

Голем инцидент се случи по завршувањето на синоќешната пресметка помеѓу Партизан и АЕК Ларнака (2-2) по која гостите се пласираа во плејоф-фазата од Лига Европа поради триумфот на домашен терен (1-0), откако дефанзивецот на славеничкиот тим нокаутира – фоторепортер.

Станува збор за српскиот репрезентативец Ненад Томовиќ, кој веднаш по последниот свиреж на судијата се стрча кон фоторепортерите и силно турна еден од нив, кој работел за порталот на црно-белите. Утринава се дозна и причината за тоа – константните навреди кои неофицијалното лице постојано ги упатувал кон противничкиот фудбалер, кој некогаш бил играч на Црвена Звезда.

„Не го удрив туку само го турнав. Имам дваесетина сведоци кои слушаа што се му зборува за време на мечот. Ја пцуеше мајка ми, ми велеше дека сум циган, но најмногу ме погоди кога почна да ги навредува моите деца. Тогаш збеснав. Има среќа што само го оттурнав, а да не беше фудбалски меч целава работа ќе завршеше многу поинаку“, изјави Томовиќ.

Фудбалерот на АЕК сфаќа дека како поранешен звездаш бил мета на навивачите на Партизан, но вели дека никогаш нема да допушти некој да ги споменува неговите деца во ваков грд контекст.

Треба да знаете
Последни објави