Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Синсинати

Дваесет и еднократниот грен слем шампион Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Синсинати следната недела.

Негово место на ждрепката ќе го замени Брендон Накашима, кој претходно мораше да игра со вајлд-карта.

Да потсетиме, според сегашните правила, Ѓоковиќ не може да влезе во Соединетите Американски Држави, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

Српскиот тренер Горан Иванишевиќ претходно изјави: „Новак ќе направи се за да стигне таму. Можеби ќе му дадат посебна виза”.

На 29 август стартува УС Опен каде Ѓоковиќ треба да брани бодови од пласманот во ланското финале.

Треба да знаете
Последни објави