Барселона ги разреши финансиските проблеми кои беа пречка да се регистрираат новите фудбалери кои беа ангажирани во текот на летово и утре ќе му бидат на располагање на тренерот Чави за стартот на новата сезона во шпанската Ла Лига, кога на „Камп Ноу“ ќе гостува Рајо Валјекано.
Претседателот на Барселона Хуан Лапорта денеска продаде уште дел од медиумските права на клубот за дополнителни 100 милиони евра, со кои беа обезбедени доволно средства за да биде покриен речиси целокупниот буџет за плати. Вечерва раководството на Ла Лига ја потврди успешната регистрација на Левандовски, Рафиња, Кеси и Кристенсен и новите договори што летово ги потпишаа Серхио Роберто и Усман Дембеле. Ова значи дека сите овие фудбалери ќе бидат во комбинација за настап на против Рајо Валјекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој е најавен како стартер за дуелот на „Камп Ноу“.
Од сите летни засилувања не е регистриран единствено Жул Кунде, дефанзивецот кој пристигна од Севилја за сума од 50 милиони евра. Тренерот Чави го избрал токму него поради недоволната физичка подготвеност, Французинот секако немаше да биде стартер против Рајо, а неговата регистрација се очекува во текот на следната седмица.