Кралицата Елизабета Втора е многу блиска со принцот Вилијам, но има неколку работи што ја засегаат, а се поврзани со неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство. Кралицата и нејзиниот внук војводата од Кембриџ се многу блиски, пишува британски „Сан“, но има работи за кои не се согласуваат.
Кралицата е загрижена за него и неговото семејство кога патуваат.
Таа сака нејзиниот внук да престане да патува со семејството со хеликоптер. Војводата и војвотката од Кембриџ редовно патуваат меѓу Лондон и Норфолк, најчесто со хеликоптер.
Инсајдер открил за весникот како се чувствува кралицата за хеликоптерскиот транспорт.