Српскиот фудбалски вицешампион Партизан е елиминиран во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. „Црно-белите“ пред своите навивачи во Белград одиграа 2:2 против АЕК Ларнака на поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски. Првиот натпревар заврши со 2:1 за тимот од Кипар.
Партизан два пати водеше со головите на Гомес во 24 и во 54 минута, но АЕК Ларнака успеваше да дојде до израмнување преку Гуршко во 51 и на Фараж во 57 минута. Тричковски остана на клупата за резерви.
Партизан се уште има шанса да игра во групната фаза, бидејќи има поправен во плеј-офот за пласман во Лигата на конференции против тимот од Малта, Хамрун кој по подобро изведување на пенали го елиминира Левски Софија.
Хелсинки и во реваншот беше подобар од Марибор, овој пат на домашен терен славеше со 1:0 и со вкупни 3:0 ќе игра во плеј-офот за пласман во Лигата на Европа.
Предноста од првите натпревари им овозможи на Фенербахче и на Малме за кого настапува македонскиот репрезентативец Ердал Ракип, да продолжат понатаму по нерешените исходи вечерва на гостувањата кај Словачко (1:1) и Дуделанж (2:2). Цирих со 3:0 го совлада Линфилд.