Пари Сен-Жермен е заинтересиран за крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао.
Според „RMC Sport”, Португалецот е голема желба на спортскиот директор на Парижаните, Луис Кампос, кој придонесе за трансферот на Леао од Спортинг во Лил во 2018 година.
Сепак, преселбата на Леао во редовите на „светците” нема да биде лесен. За да ја намали цената, ПСЖ сака да го вклучи дефанзивецот Абду Диало во зделката.
Леао минатата сезона во Серија А постигна 11 голови и имаше 8 асистенции. Тој беше прогласен за најкорисен фудбалер (МВП) на италијанскиот шампионат за сезоната 2021/22.