Конте верува дека Лукаку сепак може да успее во Премиер лигата

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте го сподели своето мислење за изгледите на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку во Премиер лигата.

– Ромелу беше крал две години во Милано. Фановите му дадоа многу страст и мислам дека тој е момчето на кое му треба. Поради оваа причина, верувам дека сакаше да се врати во Интер, но секако оваа зделка беше добра за Челзи. Зборуваме за играч кој се пресели во Челзи и сега е на позајмица од Интер за оваа сезона, но има потенцијал да игра во Премиер лигата, изјави Конте за „Скај спортс”.

Тренерот на Тотенхем смета дека Лукаку е разочаран што не успеал да ја покаже својата класа во Англија.

– Сигурен сум дека е разочаран бидејќи сакаше повторно да се покаже во Англија. Но, тој има време. Сега треба да игра за голем тим во Италија, да се обиде да ја врати довербата во себе, но ние зборуваме за навистина значаен и добар напаѓач, додаде Конте.

Лукаку дојде во Челзи од Интер во август 2021 година, Белгиецот постигна 15 гола и забележа две асистенции во 43 настапи за лондонци минатата сезона.

На почетокот на јули оваа година, 29-годишниот напаѓач го напушти англискиот тим и отиде на позајмица во Интер. 

Треба да знаете
Последни објави