Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе ги откри своите размислувања за Златната топка.
Тој исто така призна дека сакал да ја гледа пресметката меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
-„Златната топка” е билет за големиот свет. За нас Златната топка е пред се борбата меѓу Меси и Роналдо. Бритајќи низ меморијата, можете да се сетите на Роналдињо, но овие двајца ги засенија сите со својата пресметка. Секоја година сите се прашуваа кој ќе ја добие наградата овој пат. Тоа беше неверојатно. Беше интересно да ги гледам, го цитира Мбапе „L’Equipe”.
Французинот вчера беше номиниран во најтесен круг во изборот за Златната топка. Актуелен добитник на наградата е Лионел Меси, кој не беше меѓу номинираните за годинешната награда.