Кристијано Роналдо е пред најтешката одлука во кариерата – сака да го напушти Манчестер Јунајтед за да игра во Лигата на шампионите, но такво нешто е практично невозможно.
Роналдо има 38 години, не ги поминал подготовките, не е во форма, а главата му е многу повеќе во некој иден клуб.
Италијанскиот новинар Танкреди Палмери денеска лансираше ексклузива дека Жорге Мендеш им го понудил Роналдо на Интер и Милан, но дека наишол на негативни одговори.
Не е тајна дека Мендеш изминативе недели го понуди Роналдо на многу клубови, Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен веднаш ја затворија вратата, најсериозни беа гласините со Атлетико, но мадриѓаните имаат финансиски проблеми. Исто така, Челси одби да го доведе, а се споменуваше дури и можност да се врати во Јуве, која исто така брзо беше „затворена“.
Спортинг Лисабон е опција која е секогаш тука, бидејќи тоа е неговиот матичен клуб и неговата мајка би била најсреќна доколку се врати Роналдо, но иако Португалците се натпреваруваат во Лигата на шампионите, нивниот реален дострел е борбата за осминафинале. .
Натпреварот против Брентфорд покажа дека Роналдо нема да сака да остане во Манчестер Јунајтед и ќе се обиде да си замине на сите можни начини. На крајот го заобиколи Тен Хаг, не се ни поздравија, а тоа долеа масло на огнот.