Тухел за „клинчот“ со Конте: Ние сме емотивни тренери

Фудбалерите на Челзи и Тотенхем ремизираа играјќи 2:2 во второто коло од Премиер лигата, а натпреварот на „Стемфорд бриџ“ го одбележа пресметката меѓу менаџерите на двете екипи, Томас Тухел и Антонио Конте.

Првата „блиска средба“ Тухел и Конте ја имаа кога Италијанецот му се внесе во лице на Германецот при првиот гол на Тотенхем, а конфликтот продолжи по крајот на натпреварот.

При поздравувањето по крајот на натпреварот, Тухел му ја стегна раката на Конте сакајќи нешто да му објасни, но за среќа веднаш реагираа луѓето од двете екипи и спречија посериозен инцидент .
По натпреварот, Тухел ја кажа својата верзија на настаните.

– Кога се ракувате, мислев дека треба да се погледнеме во очи. Очигледно имавме различни мислења за тоа, затоа беше толку емотивно. Беше среќен кога Тотенхем израмни и сето тоа доби поголеми размери. Ова е Премиер лига, а ние сме емотивни тренери – рече Тухел.

За „блиската средба“ по крајот на натпреварот, Конте и Тухел добија црвени картони.

– Црвени картони? Не беше потребно, но многу работи беа чудни. Уште една слаба одлука на судиите на наша штета.

 

Треба да знаете
Последни објави