Тренерот Ерик Тен Хаг воопшто не е задоволен со почетокот на сезоната бидејќи Манчестер јунајтед запиша два порази по две кола.
Тен Хаг не им дозволи на фудбалерите денеска да имаат слободен ден по убедливиот пораз од 0-4 против Брентфорд во второто коло, па им нареди на играчите да истрчаат 13,6 км.
Причина за тоа е статистиката која покажа дека фудбалерите на Брентфорд за 90 минути истрчале повеќе од неговите играчи.
Јунајтед во третото коло го пречекува најжестокиот ривал, а тоа е поранешниот европски и англиски шампион Ливерпул.