Тен Хаг е разочаран оти управата на Јунајтед го излажала, па размислува за заминување

Манчестер јунајтед има кастрофален старт на сезоната англиската фудбалска Премиерлига со два порази во првите две кола. Посебно болен е вториот од Брентфорд кој заврши со убедливи 4:0 и сите голови примени за едно полувреме ! Според англиските медиуми холандскиот фудбалски стратег Ерик тен Хаг кој пристигна на „Олд Трафорд“ да ги разбуди „џрвените ѓаволи“ веќе  размислувал да си оди, бидејќи се чувствувал измамен од раководството.

Тен Хаг смета дека клубот го излажал, бидејќи во преговорите за неговиот ангажман му ветил засилувања на тимов во преодниот рок, поточно пет нови квалитетни играчи, но ништо од тоа и медиумите шпекулираат дека Холанѓанецот разговарал со своите адвокати за можноста за раскинување на договорот.

Управата на Манчестер јунајтед досега донесе три засилувања, Тајрел Маласија, Лисандро Мартинез и Кристијан Ериксен кој дојде како слободен играч, но тоа не е ниту еден од играчите на кои Тен Хаг инсистираше. Холанѓанецот бараше од управата на Јунајтед да го купи Френки де Јонг од Барселона, а потоа и врвен напаѓач. Медиумите шпекулираат дека можно е да дојде Саша Калајџиќ од Штутгарт, но тој беше четврта или петта опција на списокот на Тен Хаг.

Преговорите со Марко Арнаутовиќ пропаднаа, додека Јунајтед се откажа од можноста да го купи Ентони од Ајакс бидејќи Бразилецот е прескап.

Се уште е неизвесно дали Адриен Рабио ќе пристигне на „Олд трафорд“ иако тоа не е играч на кој инсистира Тен Хаг. Јунајтед и Јувентус се договорија за отштетата, таа ќе изнесува 18 милиони евра, но проблем прави мајката и агент на фудбалерот, Вероник, која бара преголема плата за својот син. Згора на тоа и навивачите не го сакаат Французинот во тимот.

По слабиот старт на сезоната, навивачите повторно почнаа да бараат сопствениците, американското семејство Глејзер да си оди или да го продаде тимот, но на нив такво нешто не им паѓа на памет.

Дополнителен проблем за Тен Хаг и за навивачите претставува податокот дека во наредното коло, Манчестер јунајтед игра против најголемиот ривал, Ливерпул и евентуален неуспех би можел да ја отвори пандорината кутија на „Олд трафорд“.

Треба да знаете
Последни објави