Даниел Крег планирал да му сврти грб на Холивуд по улогата на Џејмс Бонд во „Спектре“, пренесува британски „Експрес“.
„Морав да се преиспитам себеси – дали сум физички способен да снимам уште еден филм“, откри ѕвездата во искрено интервју за „Ентертејнмент викли“.
„Го завршив Spectre со скршена нога“, вели Крег. „Се повредив на секој филм за Бонд откако почнав да го глумам.“
И покрај тоа што ја сака физичката активност поврзана со изведувањето акробации при снимање, Даниел признава дека остарел и не заздравува толку добро како порано кога бил помлад
Таткото на две деца сподели: „Телефонскиот повик до мојата сопруга за да ѝ кажам дека ја скршив ногата не беше пријатен“.
Оженет е со Рејчел Вајс, која глуми во „Мумија“ фантастика-акција-авантура, Даниел е очув на нејзиниот син Хенри. 54-годишниот актер има и возрасна ќерка Ела (30) од претходниот брак со Фиона Лудон.
Гостувајќи во „Шоуто на Грахам Нортон“, Крег се осврна на неговите физички повреди. „Ми го реконструираа десното рамо“, рече тој.
„Го оперирав левото колено, потоа и десното. Палецот сè уште ме боли.“