Во прилог Ви ја доставувам веста за извонредниот спортски успех на Мила Рељиќ од Таеквондо Клубот Тигри Скопје која викендов освои златен медал во конкуренција сениорки -62кг на меѓународниот таекводно натпревар Винер Израел Опен од Г2 серијата на меѓународните светски натпревари. На натпреварот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија итн.
Во својата категорија, сениорки -62кг, Мила во борбата за златениот медал ги победи и репрезатативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина.
Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.
Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, претстојат Европското Клубско првенство од 22-26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21г кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, а се надеваме на успех и на светското првенство во ноември месец во Мексико.