Унгарскиот Веспрем е првиот тим што обезбеди учество на фајналфор турнирот од регионалната ракометна СЕХА-лига кој идниот месец ќе се одржи во хрватскиот град Задар. Веспрем до завршницата стаса со триуфмот на гости против Татран Прешов од 25:35. Според пропозициите во четвртфиналето се игра само еден меч.
Татран Прешов солидно парираше во првото полувреме што заври со водство на гостите од 15:18. Во вторите 30 минути пресудно за убедливот триумф беше квалитетот и искуството на унгарскиот состав, кој набрзина се одлепи резултатски и стигна до заслужена победа. Елисон, кој дојде во Веспрем на местото од Дејан Манасков, беше најефикасен со седум погодоци, шест гола постигна Нилсон, а пет Пешмалбек.
Македонските претставници во СЕХА лигата своите четвртфинални натпревари ги играат за десетина дена. Вардар на 23 август ќе го пречека Нексе, а два дена подоцна Еурофарм Пелистер во Битола ќе биде домаќин на Мешков Брест.