Тренерот на шпанскиот фудбалски првк Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен од победничкиот старт во новата сезона во Ла Лига против Алмерија (2:1). Победничкиот погодок со кој „кралевите“ дојдоа до трите бода го постигна Давид Алаба во првиот контакт со топката од слободен удар во 75. минута.
-Тие кои изведуваат слободни удари се Бензема или Крос, но влезе Алаба кој исто така е добар изведувач на прекините. Не беше лесно да им се каже на Бензема и Тони дека нема да изведуваат слободни удари, но…, вели Анчелоти.
Италијанецот призна дека лошо го почнале натпреварот, по што имаа и негатива од 0:1, но сепак во второто полувреме успеаа да направат резултатски пресврт.
https://twitter.com/i/status/1558940783914455040