Битолски Еурофарм Пелистер денеска официјално го претстави кружниот напаѓач на македонската ракометна репрезентација Жарко Пешевски за свое ново засилување за сезоната 2022/23.
Пешевски (31) на крајот од мај потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и се враќа во македонското ракометно првенство по успешните настапи за бундеслигашот Штутгарт.
-Бев спремен да дојдам во Битола, ме подготвуваа на тоа. Но, не верував на гласини и на приказни, морав сам да се уверам. Секој битолчанец, и тој што има шанса да дојде во салата, а и тој што не доаѓа, спремен е да нè бодри и желен е да го види Еурофарм Пелистер во најдобро издание изјави Пешевски за клупскиот сајт.
Искусниот репрезентативец во Еурофарм Пелистер ќе го носи дресот со бројот 44 и ќе ја сочинува пикерската позиција во тандем со Русинот Денис Василев.