Мбапе побара од раководството на ПСЖ да го продаде Нејмар

Напаѓачот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Килијан Мбапе побарал од управата на тимот да го продаде неговиот соиграч Нејмар.

„Get French Football News” објави дека односот меѓу двете ѕвезди на клубот е напнат. Ситуацијата уште повеќе се влоши викендов кога Нејмар не му дозволи на Мбапе да шутира пенал на мечот од 2. коло на Лига 1 со Монпелје (5:2). Претходно на натпреварот Мбапе не успеа да реализира пенал, а вториот досуден за ПСЖ, нејмар го претвори во гол.

Наводно и на крајот од минатата сезона Мбапе побарал од клубот да се ослободи од Бразилецот. Во текот на летото медиумите пишуваа дека Нејмар би можел да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона.

Договорот на 30-годишниот напаѓач со парижаните е до 2025 година.

По две кола во францускиот шампионат, ПСЖ има максимални шест бода.

Треба да знаете
Последни објави