Тухел го чека казна од ФА за коментарите упатени на адреса од судијата Тејлор

Тренерот на Челзи, Томас Тухел и на Тотенхем Антонио Конте заработија црвени картон по градското лондонско дерби откако имаа меѓусебна препирка. Натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ од 2. коло во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција заврши без победник (2:2).

Тренерите на на двата тима автоматски нема да можат да ги водат своите тимови на следниот натпревар во Премиерлигата. Тухел може да добие и подолга забрана за седнување на клупата кај Челзи, како и парична казна поради коментарите за судијата Ентони Тејлор.

Германецот не беше среќен поради тоа што не беа досудени прекршоци во корист на Челзи пред постигнувањето на головите на Тотенхем.

– Да, имам повеќе проблем со судијата. Можеби би било подобро веќе да не суди натпревари на Челзи. Не мислам дека само дел од навивачите на Челзи мислат дека тој имаше ужасни одлуки на  наша штета. Ве уверувам дека целата соблекувална го мисли истото, како и секое друго лице. Играчите знаат што се случува додека се на теренот. Секако дека се загрижени кога тој ќе биде задолжен за судење на некои од нашите натпревари, изјави Тухел.

Фудбалската асоцијација на Англија веднаш отвори постапка против тренерот на Челзи.

Треба да знаете
Последни објави