Шкендија и Гури ја прекинаа соработката

Актуелниот македонски фудбалски вицешампион Шкендија постигна меѓусебен договор со својот досегашен напаѓач Синдрит Гури за прекин на соработката.

Гури дојде во редовите на тетовскиот прволигаш во септември лани и беше главен играч во нападот на Шкендија, постигнувајќи решавачки голови во домашното првенство и натпреварите во европските натпреварувања.

– Изразувам благодарност до соиграчите, стручниот штаб и навивачите за поддршката што ми ја даваа за време на мојот престој во Шкендија и Тетово. Горд сум што имав можност да дадам сè од себе за „црвено – црниот” дрес, изјави попладнево Гури за клупскиот сајт.

Шкендија минатата недела на пенали беше елиминирана од шведски АИК во третото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига, откако претходно ги елиминира ерменски Арарат и Велмеира од Летонија.

Треба да знаете
Последни објави