Бернардо Силва е еден од клучните играчи на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити во последните години. Во последно време сè почесто се зборува за негово заминување во Барселона до крајот на преодниот рок.
Пер Гвардиола, тренерот на премиерлигашот Сити, нема дилеми околу односот со Силва.
„Сакам да остане. Тој е посебен играч, сите го знаат тоа. Сепак, мене никој ништо не ме прашува. Останува само да почекаме и да видиме каков ќе биде исходот“, изјави Гвардиола.
Сити веќе се изјасни дека доколку дојде понуда која ќе ги задоволи и клубот и Силва, Португалецот може да замине. Интересно е што Силва не беше стартер на ниту еден од претходните два премиерлигашки натпревари.
Наводно Сити за Португалецот бара 100.000.000 евра, но во Барселона биле оптимисти дека ќе го добијат за значително помала сума, за 60.000.000 евра плус одредени бонуси.